Побарувачката на нафта не расте според очекуваното

Меѓународната агенција за енергија соопшти дека светската побарувачка за нафта нема да расте толку силно како што се очекуваше во 2017 година, поради послабите прогнози за светската економија. Во месечниот извештај објавен денеска, Агенцијата наведува дека ја намалила проценката за 2017 година на 1,2 милиони барели дневно, што е за 100 барели дневно помалку од претходните проценки.

Агенцијата со седиште во Париз, која е поврзана со Организацијата за економска соработка и развој, во јули излезе со проценка дека глобалната потрошувачката на нафта во 2017 година ќе биде 1,3 милиони барели дневно. Ревидираните проекции за 2017 година се врз бара на јулската прогноза на ММФ, која ги намали очекувањата за економски раст, делумно како резултат на британскиот референдум за излез од ЕУ.

Понудата на нафта на светско ниво се зголеми минатиот месец како резултат на зголеменото производство и од страна на земјите членки на Организацијата на држави извознички на нафта(ОПЕК), но и на земјите кои не се членки на ОПЕК. Суровата нафта во моментов се продава за околу 45 долари за барел.