В недела Собранието ќе расправа за поплавите

Посебна седница на Собранието посветена на состојбата во поплавените подрачја е закажана за в недела, соопштија од Кабинетот на претседателот на Парламентот. Ваквата одлука ја донел собранискиот спикер Трајко Вељаноски во договор со координаторите на пратеничките групи. До тогаш, како што се наведува во соопштението, се очекува Владата да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Пратеничката група на СДСМ денеска достави предлог за одржување итна седница за погодените подрачја. Потоа идејата ја прифати и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.