Украинските сили во борбена готовност

На украинските воени единици кои се во близина на анектираниот Крим и во источниот регион Донбас им е наредено да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, рече денеска украинскиот претседател Петро Порошенко. Ваквата одлука уследи по тврдењата на Москва, дека Киев се обидел преку саботери да го дестабилизира кримскиот полуостров. Портпаролот на Генералштабот на Украина изјави дека од вчера одржуваат воени вежби.