МВР: Нема пријава за спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

Од МВР соопштуваат дека до нив не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ. Во соопштението се наведува дека до скопската полиција не е пријавен случајот, за кој јавија некои медиуми и социјалните мрежи, дека еден човек спасил две женикои четири дена биле заглавени во кал во село Сингелиќ. Според пишувањата, тој успеал да ги спаси и да ги пренесе во болница жените кои најверојатно биле од Албанија. Од МВР велат дека тие ги контактирале сите градски болници, Клиничкиот центар и Брзата помош во Скопје, но дека вакви лица не се пријавени и не се донесени.