Потребна механизација во поплавените региони

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателката на Советот на градот Ирена Мишева денеска одржаа координативен состанок со градоначалниците од скопскиот плански регион за дополнително интензивирање на активностите во расчистувањето на последиците од саботното невреме што го зафати Скопје.

Трајановски, како што информира Град Скопје, побарал од општините да се вклучат со дополнителна помош и тоа хуманитарна помош, работници и механизација. Во однос на механизацијата, Трајановски информирал дека на терен се потребни мали камиони – скипери.

Исто така се апелира и од приватните фирми со кои соработуваат да обезбедат дополнителна механизација.