Во Алепо борбите продолжуваат, тврдат бунтовниците

Бунтовничките групи велат дека борбите во сирискиот град Алепо продолжуваат и покрај договорениот тричасовен прекин што Русија рече дека ќе почне од денеска.

Мохамер Рашид, портпарол на бунтовничката група Џаиш-ал Наср во Алепо рече дека владините сили се обидуваат да ја заземат областа Рамуша и дека има многу руски авиони.

И активистите за човекови права потврдуваат дека нема прекин на огнот. Од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, велат дека има судири меѓу завојуваните страни во Рамуша, област која бунтовниците ја презедоа од рацете на владините сили минатиот викенд.

Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата влада, вчера соопшти дека од 10 до 13 часот по локално време ќе прекинат со борбите за да се дозволи да се поправи електричната и водоводната мрежа во градот. Според ОН, околу два милони луѓе во градот се без основните услови за живот.