САД: Нема докази за украински саботери во Крим

Амбасадорот на САД во Украина, Џефри Пјат, изјави дека досега не виделе нешто што укажува дека се точни руските тврдење дека имало упад на украински сили во Крим. Амбасадорот на Твитер напиша дека Русија често лажно ја обвинува Украина за да го одвлече вниманието од своите назаконски активности. Тој рече дека остануваат американските санкции за Русија поради анексијата на полуостровот се додека територијата не се врати кон Украина.

Претходно Москва го обвини Киев дека преку саботери сака да го дестабилизира Крим. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украна го одбрала патот на теророт пред мирот, а украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека тврдењата на Москва се бесмислени и цинични.
Путин свика и состанок со Советот за безбедност на кој дискутираат за безбедносните мерки во Крим.