Русија најави дневно примирје во Алепо

Русија по три часа днево ќе запира со огнот во сирискиот град Алепо за да се овозможи хуманитарна помош за населението. Од руското Министерство за одбрана соопштија дека сите воени акции, вклучително и воздушни напади ќе бидат во прекин од 10 до 13 часот по локално време почнувајќи од утре. Од таму велат дека југозападно од Алепо од минатата недела има околу 7.000 милитанти со оружје, воени возила и друга опрема и дека се уште пристигнуваат нови борци. Русија го презеде овој чекор, откако ОН повика да се паузираат борбите за да се овозможи да се поправат електричната и водоводната мрежа.
Борбите меѓу владините сили и бунтовниците околу Алепо се интензивираа во последните недели. Според ОН два милиони луѓе се заробени во градот.