САД го објави извештајот за верски слободи во светот

Соединетите Американски Држави се загрижени поради законите против богохулење во исламските општества, се наведува во извештај на Стејт департментот. Таквите закони се во спортивност и ги поткопуваат универзалните човекови права, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот за верски слободи во светот објавен денеска.

Во извештајот се нотираат и активностите на владите против сунитските муслимани во Иран, против шиитите во Саудиска Арабија и Бахреин, чекорите против христијаните во Кина, како и и анти-семитизмот во Европа.

Во документот се додава дека организациите како што се Исламска држава во Ирак и Сирија и Боко Харам во Западна Африка и натаму се меѓу оние кои најфлагрантно ги кршат верските слободи во светот.