Освојувач на медал во Рио претепан на Копакабана

Освојувачот на медал на Игрите во Рио, џудистот од Белгија Дирк ван Тилт, беше нападнат на плажата Копакабана. Тој добил неколку удари во лицето.

По освоениот бронзен медал џудистот од Белгија заедно со своите пријатели, биле на Копакабана, кога на еден од неговите пријатели му бил украден мобилниот телефон. Џудистот потрча по крадецот, кој пружил отпор и му нанел повреди на спортистот.

Белгискиот џудист по целиот случај пријавил во полицијата, а му била укажана и лекарска помош. Не е познато дали напаѓачите се фатени.