Црвен Крст дистрибуира 60 тони вода и 8.283 пакети со храна

Црвен Крст дистрибуира 60 тони вода и 8.283 пакети со храна во изминатите четири дена, соопштија од организацијата. Дистрибуирани се и пакети со хигиенски средства, пелени, душеци, ќебиња, облека.

Укажани се и 50 асистенции по прва помош, а реализирани се и четири медицински транспорти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.

Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.