Членството на Турција во НАТО не е доведено во прашање

Припадноста на Турција кон НАТО не е доведена во прашање. НАТО и натаму смета на постојаниот придонес на Турција, а таа може да смета на солидарноста и поддршката на организацијата, изјави портпаролката на Алијансата, Оана Лунџеску, цитирана од француските медиуми. Реакцијата на НАТО е одговор на „шпекулациите во печатот“.

„Турција е високо ценет сојузник со значителен придонес во заедничките напори на НАТО. Турција учествува полноправно во одлуките на Алијанската, што се темелат на консензус, во периодот кога сме исправени пред најсериозните безбедносни предизвици во поновата историја. Членството во НАТО не е доведено во прашње. Нашиот сојуз е обврзан со колективната одбрана и се темели на принципите на демократија, лична слобода, човекови права и владеење на законот. НАТО смета на неизменет придонес на Турција, а Турција може да смета на солидарноста и поддршката на НАТО, изјави уште Лунџеску.

Од друга страна австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска повтори дека треба да се прекинат преговорите со Турција, дополнувајќи дека за сите држави-членки на ЕУ е неприфатливо повторно воведување на смртна казна.

Во изјава за австриско радио, Керн рече дека не смее за членство да се пријави некој кој не се придржува до демократските стандарди или ги игнорира потребите на правната држава.