Авганистан - Хелманд може да падне во рацете на талибанците

Авганистан распореди дополнителни безбедносни сили во јужниот град Лашкар Гах каде се водат борби со талибанците. Властите стравуваат дека главниот град на провинцијата Хелманд може да падне во рацете на милитантите во рок од неколку дена. Локалните власти велат дека провинцијата е целосно опколена од талибанци. Поради борбите се затворени патиштата во градот, а тоа придонесе до зголемување на цената на храната.