САД: запаливата реторика на Турција не е од помош

Стејт департментот коментирајќи ги обвинувањата во турските медиуми дека вашингтонската организација „Центар Вудроу Вилсон“ стои зад минатомесечниот обид за пуч во Турција, вчера објави дека таквата запалива реторика не е од помош. Ваквиот вид на реторика и теорија на заговор апсолутно не е од помош. Ние секако разговаравме со нашите турски колеги за реториката која не е од помош, истакна портпаролката на Стејт департментот Елизабет Трудо.