Дел од погодените региони добија струја

ЕВН Македонија соопшти дека нивни екипи ги санирале сите дефекти на среден и висок напон во тетовскиот, кичевскиот, велешкиот, битолскиот, охридскиот, кумановскиот и прилепскиот регион и сега работат на помали дефекти во нисконапонската мрежа. Компанијата информира дека првите корисници од делот во скопскиот регион кој беше најпогоден од невремето веќе добија напојување.

„Неколку трафостаници во населбите Ченто, Маџари и дел од село Инџиково се под напон и над 1500 корисници веќе имаат нормално снабдување со електрична енергија. Се работи и на расчистување на теренот до енергетските објекти во критичниот реон во село Стајковци, Смиљковци, село Сингелиќ, Илинден, пат за Арачиново и др. Како што ќе се создаваат безбедни услови за приклучување, така ќе бидат вклучувани под напон и трафостаниците или улица по улица, корисник по корисник“, соопшти ЕВН Македонија.

ЕВН посочува дека целиот регион досега беше без напојување од безбедносни причини за да не се создадат поголеми проблеми и да се доведат во опасност животите на луѓето кои работот на расчистување на штетите и граѓаните кои живеат во тој регион и штети дополнителни на имотите.