Најмалку 14 жртви во нападите во Јемен

Најмалку 14 луѓе загинале, а 10 се повредени во вoздушни напади од страна на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија на фабрика во Сана, соопштуваат болнички извори во Јемен. Од фабриката за прехрамбени производи, пак, велат дека 16 луѓе загинале, а 10 се повредени и дека сите жртви се работници. Фабриката се наоѓа во близина на центар за одржување на воена опрема. Коалицијата на чело со Саудиска Арабија од март 2015 спроведува воздушни напади врз упориштата на шиитските бунтовници, а Сана е по контрола на бунтовниците. Во Јемен се води војна меѓу владините сили и шиитските бунтовници Хути. За време на немирите повеќе од 6.200 луѓе загинаа, а над 275 се повредени.