ОН повика на „хуманитарна пауза“ во Алепо

ОН повика на „хуманитарна пауза“ во борбите во северниот сириски град Алепо. Од светската организација велат дека со борбите се оштетени воводовната мрежа и електричната инсталација во градот, па треба време да се санираат. Но и покрај повикот, владини авиони бомбардирале делови од Алепо денеска, велат сириски активисти. За време на викендот милитантите „скршија“ дел од опсадата од страна на владините сили и го пресекоа главниот пат преку кој тие доаѓаат до градот. Од ОН велат дека повеќе од два милиони цивили во градот живеат во страв од опсада.