Шефовите на Русија, Иран и Азербејџан на средба во Баку

Рускиот претседател Владимир Путин со своите колеги од Азербејџан и Иран разговарал за нови проекти во областа на енергетиката и транспорт во регионот на Каспиското Море.Тој денеска имаше одделни средби со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и со иранскиот претседател Хасан Рохани, а потоа сите заедно ќе се сретнат во Баку.
На средбата со Алиев, Путин рекол дека средбите ќе им овозможат на сите страни да спроведат нови проекти во регионот на Каспиското Море. А на средбата со Рохани, Путин изразил задоволство од развојот на билатералните економски врски меѓу Москва и Техеран.

На заедничката средба се очекува да се зборува за изградба на нов транспортен коридор. Властите се надеваат дека патот кој треба да минува преку Азербејџан и Иран ќе ја зголеми трговијата, а ќе се намалат транспортните трошоци.