Независниот полициски синдикат бара одговори за „Којот“

Независниот синдикат на полицијата бара од министерот за внатрешни работи да одговори дали во акцијата „Којот“ спроведена во јули во која беа лишени од слобода пет полициски службеници, се преземени мерки согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот законик.

Во соопштението се наведува дека според информациите добиени од полициските службеници опфатени во акцијата, инаку членови на Синдикатот, тие не биле изнесени пред судија во претходна постапка и оти сериозно е нарушен нивниот интегритет, чест и достоинство.

Од Синдикатот прашуваат доколку се покаже дека ова е точно, дали министерот за внатрешни работи ќе побара одговорност од раководителот од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.