Одбележани 15 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак

Архивска фотграфија - Одбележување на годишнината од загинувањето на резервистите кај Карпалак. Касарна „Мирче Ацев“ во Прилеп.

На Карпалак беа одбележани 15 години од загинувањето на десетте бранители за време на воениот конфликт во 2001. Армискиот конвој беше нападнат на автопатот Тетово-Скопје при што загинаа војници резервисти од Прилеп. На одбележувањето присуствуваа роднините и пријателите на загинатите, преживеаните од нападнатиот армиски конвој, како и делегации од Владата, Кабинетот на претседателот, АРМ,здруженија на бранители, претставници на политичките партии.Јордан Трајкоски од здружението на резервни воени обврзници 2001-2002 година од Прилеп бранители искажа разочарување бидејќи се уште нема споменик за загинатите на местото од нивното загинување.