Утре се среќаваат Ердоган и Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре во Санкт Петербург ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин. Ова е прва посета на странство на турскиот претседател по неуспешниот обид за воен удар во неговата земја на 15 јули. Ова ќе биде и прв состанок на двајцата лидери од заладувањето на односите меѓу двете земји по соборувањето на руски воен авион од страна на турските сили лани во ноември. Тензиите меѓу двете земји се намалија во јуни годинава кога Ердоган му прати писмо со извинување на Путин. Русија упати поддршка за турската влада по обидот за пуч.