МНР - Повеќе држави и нудат помош на Македонија

Повеќе држави и понудија помош на Македонија за справување со последиците од невремето во скопско и во тетовско, велат од МНР за МИА. Од Министерството велат дека првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокото соседство како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, а понуда за помош се уште пристигнуваат.

„Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби на Република Македонија во справувањето со вонредно настанатата состојба, по што ќе биде и официјално побарана меѓународна помош,“ посочија од МНР.