Книга на жалост за жртвите од невремето

Книга на жалост за загинатите во невремето што го зафати Скопско ќе биде отворена денеска во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13). Како што соопштија од Град Скопје, сите граѓани кои сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа денеска до 21 часот.