Повеќе од 50 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 53 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во самоубиствен бомбашки напад пред главната капија на болница во југозападниот пакистански град Кета. Експлозијата се случила веднаш откако во болницата било донесено тело на познат адвокат во кого било стрелано претходно. Властите ова го оценија како терористички чин. Засега никој не презеде одговорноста за нападот, а не се знае ни кој пукал во адвокатот. Полицијата вели дека повеќето од загинатите се адвокати, кои се собрале во болницата откако било донесено телото на адвокатот Билал Каси. Здружението на адвокати прогласи седумдневна жалост и еднодневен бојкот на судовите во цел Пакистан.