Косово се жали на однесувањето на Белград во дијалогот

Приштина ќе се жали до Европската унија поради однесувањето на Белград во дијалогот, вели косовскиот премиер Иса Мустафа. Тој вели дека мора да има јасна агенда и да постои временско ограничување за завршување на дијалогот.

„Не можеме бесконечно да го трошиме времето во дијалогот со Србија“, вели Мустафа, пренесува приштинскиот весник „Епока е Ре“.

Косовскит премиер изјави и дека дијалогот меѓу Приштина и Белград во иднина ќе мора да се одржува во сосема поинако формат и концепт, бидејќи како што тврди, на Белград му недостига подготвеност и сериозност за решавање на одредени прашања.