Полицијата истражува експлозија во Рио

Безбедносните претставници во Рио де Жанеиро соопштија дека силната експлозија која се слушна во близина на целната линија на машката трка на олимписката велосипедска патека, била контролирана експлозија од оставена предмет. Силната експлозија денеска ја истражуваа членови на безбедносните сили во заштитна облека, кои оперираат на местото и десетици приадници на воената полиција ја опколија областа. Засега не е позната причината за експлозијата, која се случи во момент кога велосипедистите оттаму биле оддалечени 70 километри. Трката продолжи и не беше пренасочена. Никој засега не е евакуиран и нема информации за повредени.