Aмбасадорот во Турција: САД не се вмешани во обидот за државен удар

Американскиот амбасадор во Турција, Џон Бас ги отфрли последните информации и обвинувања во медиумите дека неговата земја била вмешана или имала претходни информации за неуспешниот обид за преврат во Турција.

„И натаму сум длабоко засрамен и навреден од неоснованите обвинувања изнесени во толку многу коментари во оваа земја, дека владата на САД била вмешана во овој нелегален обид за државен удар и сакам само да повторам: Владата на САД не ги планираше, раководеше, поддржа и немаше претходни информации за какви и да е од нелегалните активности кои се случија во текот на ноќта меѓу 15 и 16 јули. Точка„, изјави Бас пред новинарите во Истанбул.

„Искрено, ако имавме некои информации, веднаш би ја информирале турската влада, исто онака како што ги споделуваме со оваа влада информациите за закани од терористички организации, активни во Турција“, рече амбасадорот.