Кинеска флота отплови кон спорните јапонски Острови Шенкаку

Јапонија денеска ги повика кинеските дипломати во земјата во знак на протест, откако флота на Кина со повеќе од 230 бродови, повеќето рибарски, отплови во близина на спорните острови во Источно Кинеско Море. Токио соопшти дека во флотата се вклучени најмалку шест бродови на кинеската крајбрежна стража, а три се вооружени. Бродовите пловеле во близина на јапонските Острови Шенкаку. Кина исто така тврди дека ненаселените острови, кои ги нарекува Даоју, се нејзини. Јапонскиот министер за надворешни работи рече дека поднел протест, барајќи бродовите да ја напуштат областа. Кинеското Министерство за надворешни работи го повика Токио да се воздржи од било какви активности кои можат да доведат до тензија или комплицирана ситуација. Во последните години Пекинг се повеќе е наметлив во неговите територијални претензии во Јужното Кинеско Море, зголемувајќи ја загриженоста и тензиите во регионот.