Казахстан не поддржува противници на Турција

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска по средбата во Анкара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган изјави дека Казахстан нема да поддржува образовни установи, кои работат против Турција, јави Анадолија.

„Нема да поддржиме никого, кој работи против Турција. Такво нешто не е во согласност со нашите интереси. Тоа не го сакаме. Во врска со тоа прашање се договоривме. Министерствата за образование на двете земји ќе формираат работна група, која ќе ги оцени тие училишта. Доколку се утврди дека некои од нив имаат врска со организацијата на Ѓулен, ние тие просветни работници ќе ги вратиме назад и од Турција ќе бараме други просветни работници, рече Наразбаев, говорејќи за училиштата во Казахстан поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Ердоган од своја страна изјави дека „терористичката организација Фетулахчи“ предизвикала непријателство меѓу народ.

Во Казахстан има 33 училишта поврзани со движењето на Ѓулен.