ОН реагира за масовните егзекуции во Иран

Високиот комесар на ОН за човекови права Раад Зеид Ал Хусеин вели дека е сериозна неправда тоа што во Иран беа обесени 20 луѓе оваа недела. Во денешното соопштение комесарот вели дека егзекузиите се проследени со нејасни кривични пријави и дека луѓето немале право на фер и правично судење. Повеќето од обесените биле сунитски муслимани од курдската заедница.
Официјален претставник изјави дека мажите се од курдските области и припаѓале на екстремистичката група Тавхид и џихад. Во Иран минатата година беа егзекутирани 977 луѓе, според податоците на Амнести интернешенел. Организацијата вели дека Иран е на второ место по број на егзекуции, зад Кина.