Обама очекува натамошни напади на ИД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека имало напредок на меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против милитантите на Исламската држава, но додаде дека голем проблем и натаму ќе бидат нападите од таканаречените „осамени волци“ кои ја поддржуваат ИД. „Како што напредуваме во Сирија и Ирак, а ИД ја губи територијата таму, така ќе се зголемуваат напорите на оваа терористичка организација да инспирира и организира напади врз цивилни цели“, рече Обама.