Весна Пусиќ се повлече од трката за генерален секретар на ОН

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи Весна Пусиќ денеска ја повлече својата кандидатура за генерален секретар на ОН. Во соопштението на Пусиќ испратено до медиумите, се наведува дека таа се решила на ваквиот потег затоа што по првиот круг на гласање во Советот за безбедност на ОН станало јасно дека „новиот генерален секретар ќе биде избран меѓу кандидатите од самата Организација - лица кои работат или работеле за ОН“.