Нападнати странски туристи во Авганистан

Една група на странски туристи кои биле во придружба на конвој на авганистанската армија е нападнат во западната провинција Херат во Авганистан. Најмалку четворица туристи се повредени во нападот, велат тамошните локални власти. Во групата туристи имало осум Британци, тројца Американци и еден Германец. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.