Русија ги обвини сириските бунтовници за користење отровен гас

Руската армија ги обвини сириските бунтовници дека користеле отровен гас против цивили во Алепо, при што загинале седум лица. Шефот на центарот за помирување во руската воздушна базата во Сирија, генерал полковник Сергеј Чварков не прецизира за каков отровен гас станува збор. Тој рече дека гасот бил користен од една група за која Соединетите држави сметаат дека е дел од умерената опозиција која се бори против режимот на претседателот Башар ал Асад.