Стартуваат фудбалските натрпевари на игрите во Рио

Стартуваа натпреварите на женскиот фудбалски турнир во рамки на Летните олимписки игри во Рио, на два дена пред официјалното орворање на игрите. Дуелите се играат бидејќи според програмата потребни се повеќе денови за комплетирање на натпреварите на женскиот и на машкиот фудбалски турнир.

Првиот натпревар е меѓу Шведска и Јужна Африка. Ова е дуел од Е групата, каде играат уште домаќинот Бразил и Кина.

Во Ф групата во 1. коло двојките се: Канада – Австралија и Зимбабве – Германија, додека во групата Г на стартот ќе играат: САД – Нов Зеланд и Франција – Колумбија.

Утре се играат и натпреварите од 1. коло од машкиот олимписки турнир.

Свеченото отворање на Игрите во Рио ќе се одржи на 5.август (петок).