Кери го отвори состанокот САД - Централна Азија

Американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на пет поранешни советски републики од Централна Азија денеска во Вашингтон одржуваат состанок. Кери отворајќи го состанокот повика на поголема соработка во борбата против тероризмот и поттикнување на економскиот раст. Денешната средба доаѓа во време кога САД се обидува повторно да се ангажираат во регионот врз кој Русија и Кина имаат доминација, а земјите се соочуваат со опасност од политичка нестабилност и исламски тероризам.