Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации за денеска свика итен состанок по барање на САД и Јапонија, за да разговараат за лансирањето на балистичка ракета од страна на Северна Кореја. Ракетата слета во јапонски води.

Јапонија вели дека однeсувањето на Северна Кореја е „срамен чин“ и „сериозна заканa“ за нивната земја. Властите на Јужна Кореја велат дека потегот на Северна Кореја покажува дека таа е заинтересирана за „директно и пошироко да ги нападне соседните земји“. Стратешката команда на САД соопшти дека станува збор за две ракети, од кои едната експлодирала веднаш по лансирањето. Портпаролката на американскиот Стејт департментот Ана Ричеј Ален изјави дека САД се подготвени и понатаму да се бранати себе и своите партнери од напади и провокации.