Оставка поради случај со „напад врз новинари“ во Украина

Украинскиот заменик министер за информатичка политика Тетјана Попова си поднесе оставка, поради, како што рече, нападите врз новинарите и слободата на говорот. Таа вели дека не се согласува со нападите врз новинарите и нападот врз слободата на говорот од страна на политичките организации и одделни политички претставници.

„Јас не можам да толерирам отсуство на соодветна реакција на таквите напади“,напиша таа на Фејсбук.

Подоцна во интервју за РСЕ таа рече дека нејзината оставка е поврзана со масовното откривање на лични податоци на новинари, за кои се тврди дека соработувале со прорските сепаратисти. Беа објавени податоци на 4.500 новинари. Објавувањето на лични податоци на новинарите, беше критикувано во Украина и во странство. Многу од новинарите рекао дека потоа добиле заканувачки писма и телефонски повици. Попова во интервјуто вели дека е разочарана од тоа што властите не успеале да преземат акција против случајот.