Авион на „Емирејтс ерлајнс“ имал проблеми при слетување

Авион на авиокомпанијата „Емирејтс ерлајнс“ имал проблеми при слетувањето на меѓународниот аеродром во Дубаи. Авионот испуштал црн чад што предизвикало запирање на сообраќајот на аеродромот. Од авиокомпанијата денеска соопштија дека нема жртви и дека сите патници и членови на екипажот се безбедни. Авионот летал од Индија кон Дубаи и превезувал 300 луѓе. Властите во Дубаи изјавија дека сите пристигнувања и полетувања од аеродромот биле запрени. Аеродромот во Дубаи е главен транспортен центар кој опслужува повеќе од 66 милиони патници годишно.