Груевски ќе летува во Турција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, соопштуваат од партијата. Во партиското кусо соопштение се наведува дека тој во Турција ќе престојува во приватна режија и аранжман. Посетата на Турција доаѓа на неполн месец по обидот за воен удар во земјата. Како што веќе пишувавме по обидот за пуч, интересирањето на туристите од Македонија за летување во Турција е значително намалено. Груевски и во минатото, кога беше премиер, беше во одмор во Турција, но на покана на тогашниот премеир, а сега претседател Реџеп Таип Ердоган.

Груевски ова лето веќе беше на одмор во Сицилија, Италија, додека во земјата беше германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во обид да се разреши политичката криза.