Курц и Чавушоглу на Твитер за бегалците и визите

Шефовите на дипломатиите на Австрија и Турција, Себастијан Курц и Мевљут Чавушоглу си разменија критички пораки на Твитер, по заканата на Анкара дека ќе ја раскине спогодбата за бегалците со ЕУ.

Курц ги отфрли заканите на Чавушоглу дека Турција може да ја раскине спогодбата со ЕУ за запирање на бегалцскиот прилив, доколку не добие визна либерализација. Курц порача дека ЕУ не смее да се согласи со уцените од Анкара.

Реакцијата од Турција следеше веднаш по ваквата порака на Твитер профилот на Себастиран Курц.

Нарекувајќи го шефот на австриската дипломатија по име, Чавушоглу истакна дека е тоа негов став и се повика на слободата на изразување на мислење.

„Тоа не е ултиматум Себастијане. Тоа е мое мислење. Слобода на мислење мој пријателе“, напиша Чавушоглу.