Германија осуди југословенски агенти за убиство на десидент

Суд во Минхен денеска на доживотен затвор ги осуди поранешните припадници на југословенските и хрватските тајни служби, Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, под обвинение дека во 1983 година биле соучесници во убиството на хрватскиот емигрант и дисидент Стјепан Ѓурековиќ во Германија. Хрватска ги екстрадираше двајцата мажи во Германија во 2014. Обвинителството смета дека убиството на Ѓурековиќ го наредиле југословенските политичари.

Според германските закони, Перковиќ и Мустач своите казни ќе ги издржуваат во хрватски затвор.