Русија ги отфрла критиките на САД за Сирија

Заменик рускиот министер за надворешни работи Сергеј Ријабков

Русија го оцени како неприфатлив тонот на американскиот државен секретар Џон Кери кој ја повика Москва, како и сирискиот режим да покажат воздржаност во борбите околу Алепо. Заменик рускиот министер за надворешни работи Сергеј Ријабков ги обвини Соединетите држави дека ги штитат бунтовниците и нивните екстремистички сојузници во Алепо, град на северот на Сирија кој е опколен од силите на режимот во Дамаск.