Северна Кореа истрела ракета во близина на јапонските води

Северна Кореа лансира балистичка ракета која паднала во близина на јапонските води за прв пат во нејзините кршења на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. Јапонија соопшти дека главниот дел на ракетата паднал во јапонската економска зона. Премиерот Шинзо Абе оцени дека овој потег претставува „сериозна закана“ за Јапонија. Властите на Јужна Кореа соопштија дека со овој акт Северна Кореа ја покажала нејзината намера директно да ги напаѓа соседните земји. Соединетите држави соопштија дека биле детектирани две ракети од кои едната експлодирала веднаш по истрелувањето. Пјонгјанг се закани дека „физички ќе одговори“ на планираното распоредување на американскиот антиракетен систем во Јужна Кореа.