Погребан свештеникот убиен во црквата во Нормандија

Повеќе стотини луѓе присуствувале на комеморацијата на католичкиот свештеник кој беше убиен во терористичкиот напад на една црква во Нормандија, Франција, на 26 јули. При нападот на црквата двајцата напаѓачи зедоа заложници и го убија свештеникот, а потоа беа убиени од страна на полицијата. Одговорноста за нападот ја презеде организацијата Исламска држава. На службата присуствуваше и францускиот министер за внатрешни работи Бернр Казнев. Комеморацијата се одвиваше под силно полициско обезбедување.