Полицијата во Казахстан спречува етнички судири

Повеќе од 30 луѓе се уапсени во јужен Казахстан во обидот да се спречат можни етнички судири меѓу локалните Таџикистанци и Казахстанците по случај за силување, кој се уште не е потврден официјално. Полицијата уапсила 32 луѓе откако локалните жители се обиделе да запалат една продавница, две куќи и два автомобили во едно село во јужниот дел од земјата.

Немирите почнале по гласините дека едно седумгодишно девојче од Казахстан е силувано од тинејџер Таџикистанец. Полицијата соопшти дека со медицински преглед на девојчено не можело да се потврди дека е силувано. Околу 170 полицајци се распоредени во областа за да спречат можни етнички судири.