Ердоган - Западот поддржува тероризaм и пучисти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини Западот дека го поддржува тероризмот, како и пучистите кои се обиделе да го соборат од власт.

„За жал Западот го поддржува тероризмот и стои зад пучистите“, истакна турскиот претседател во обраќањето од својата резиденција.

Ердоган остро реагира против одлуката на германските власти да му забранат обраќање преку видео-конференциска врска до своите приврзаници, кои во неделата се собраа во Келн за поддршка на демократијата.

Тој, исто така, нагласи и дека сценариото за осуетениот пуч во Турција „било напишано во странство“.