Ирачки пратеници не смеат да патуваат поради корупција

Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади им издаде забрана за патување на неколку пратеници поради наводи за корупција. Тој денска рече дека привремено им е забрането да патуваат за да се испита дали се точни тврдењата за нивната вмешаност. Претходно Министерството за одбрана го обвини претседателот на парламентот Салим ал Џабури и неколкумина пратеници за вмешаност во скандали со корупција и уцени при обидот да финализираат договори во вредност од неколку милијарди долари од јавните фондови.