Отровен гас испуштен во Сирија

Хеликоптер испуштил отровен гас во сирискиот град Сарагеб. Лекари и спасувачи тврдат дека околу 30 луѓе се погодени со отровниот гас, кој бил испуштен кон крајот на 1 август. Засега не се знае кој е одговорен за нападот. И двете страни во сирискиот конфликт се обвинети дека користат хемиски агенси.