Јилдирим: Турската економија сега е посилна

Турција и нејзината економија се посилни сега, отколку пред обидот за пуч на 15 јули, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

„Нашата економија се уште е силна како карпа. Немаше дури ниту мал економски шок. Таа ситуација сепак предизвика притисок во некои средини“, изјави тој на прес-конференција во Анкара вчера, спомнувајќи ја конкретно рејтинг агенцијата Стандард енд пурс, која го намали кредитниот рејтинг на Турција.

„Нашата демократија и владеењето на правото исто така сега се посилни по неуспешниот преврат“, додаде Јилдирим.

Во меѓувреме турскиот министер за царина и трговија Булент Туфенкчи изјави дека турската економија од обидот за преврат досега претрпела штета од триста милијарди турски лири (околу 90 милијарди евра).

Според него финансиските пазари „дале мошне добра лекција“ по обидот за преврат.